Се одиграа шест од закажаните седум натпревари од 9-тото вонредно коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

На пет натпревари домаќинките беа поуспешни додека само еден натпревар заврши без победник.

Девојчињата на „Кочани“ ја забележаа и втората последователна победа во ова првенство, откако денес како домаќини беа за класа подобри од девојчињата од Тетово.

Лидерот на табелата „Каменица Саса“ продолжува со добрите игри и високите победи а мошне добрата екипа на „Тиверија“ полека но сигурно се вмешува во освојувањето на шампионската титука.

Резултати од 9-тото коло:

„Кочани“ – „Љуботен“  6:0

„Каменица Саса“ – „Плачковица“  14:0

„Тиверија“ – „Шкендија“  5:0

„Драгон“ – „СЦ Истатов“  2:1

„Борец“ – „Атлетико“  2:1

„Речица“ – „Топ Гол“  1:1

Натпреварот „Ас Јунајтед“ – „Деспина Прилеп“ е одложен за следната Среда.

На табелата води „Каменица Саса“ со 25 бода пред „Драгон“, „Тиверија“ и „Деспина Прилеп“ со 22 бода (прилепчанки имаат натпревар помалку).

Екипата на „Кочани е на 11-тото место со 7 освоени бода и е во грчевита борба за зачувување на прволигашкиот статус. Со Одлука донесена на УО на ФФМ од лигата годинава испаѓаат 6 (шест) екипи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари