Во организација на „Здружението на дијабетичари“ од Кочани а во соработка со Ротари Клуб „Кочани-Виница“, днес во СОУ „Љупчо Сантов“ беше спроведена акција за мерење на гликемија во крвта кај учениците и вработените.

Беа опфатени 161 ученик од прва и трета година и 15 вработени и кај речиси сите не е покажано дека имаат гликемија во крвта освен кај два до три ученика, но и таа е во границата на нормалата.

Како што не информираат од училиштето второто мерење за останатите ученици и вработени ќе биде спроведено по месец дена за да се утврди точната бројка.

За потсетување, „Здружението на дијабетичари“ од Кочани во понеделникот имаше предавање во истото училиште на тема „Превенција и рано откривање на дијабетисот“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари