В недела, на 17 ноември во 20 часот во НУЦК "Бели мугри" – Кочани ќе биде реализиран мултумедијалниот концерт на CON-FRONT – млад привремен меѓународен колектив, артистичка креација во која совршено се вклопуваат минатото и сегашноста.

Под палката на Белгиецот Матајс Бертел (Ansatz Der Maschine), осум млади белгиски, француски, словенечки и македонски поп и рок музичари и визуелни уметници создадоа дела во кои музиката и сликите се неразделиво поврзани. Разните емоции што го придружуваат бегството од конфликтот се истражени во десет движења. Историски материјали буквално влегуваат во делата. CON-FRONT суптилно испреплетува снимки од фронтот, архивски материјали, анимација и видео во една прекрасна целина, чија музика може да биде етикетирана како пост-рок, електронска, неокласична и филмска.

CON-FRONT го сочинуваат: Матајс Бертел (BE) (Уметнички директор) и музичарите: Мартина Баракоска (MK), Joana Risteska (MK), Коен Квинтин (BE), NUMéROBé (FR), Samo Vovk (SI), како и визуелните уметници: Ајлин Рејнс (BE), Луп Бластер (FR), Нели Мараж (SI).

CON-FRONT е копродукција на Le Grand Mix (Франција), Muziekclub 4AD (Белгија), Walk of Peace Foundation (Словенија) и Младинскиот културен центар (Северна Македонија), којашто е поддржана од програмата Креативна Европа во рамките на Европската година на културното наследство 2018 година.

CON-FRONT ја обединува Западна Европа со Балканот и ја прикажува колективната европска приказна за Првата светска војна се толкува на современ аудио-визуелен начин. Големата војна беснееше низ целиот европски континент. Ги наоѓаме истите повредени пејзажи секаде долж линиите на фронтот, сите населени со луѓе и нивните приказни.

Војни постојат уште од памтивек. Историјата се повторува, што честопати доведува до тажни и необични коинциденции. CON-FRONT користи музика и слики за да ја раскаже универзалната и меѓународната приказна на граѓаните, кои се погодени од конфликтот и принудени да ја напуштат родната земја. За време на престојот во различните места, осумте уметници беа инспирирани не само од приказните на воениот фронт што ја пресекол Европа од Исток кон Запад пред 100 години, туку и од Втората светска војна, Балканските војни и тековната бегалска криза која сè уште ја мачи Европа.

CON-FRONT е и прекуграничен и пионерски. Границите исчезнуваат, жанровите се стопуваат, индивидуалните приказни од минатото и сегашноста се кристализираат во една болна универзална реалност. Историјата и понатаму немилосрдно крчка, тоа што беше навидум исчезнато засекогаш, може повторно да стане важно тековно прашање.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари