Во организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Скопје се одржа „Државното првенство за кадети, јуниори и У-21“. На првенството учествуваа околу 250 каратисти од 45 карате клуба од Македонија.

Карате Клубот „Партизан“ од Кочани учествуваше со 9 натпреварувачи кои освоија 4 медали од кои 1 златна, 1 сребрена и 2 бронзени.

Златниот медал го освои Мартина Шахинова во категоријата „Јуниорки“ +59 килограми, сребрениот отиде кај Благоја Тасески во категоријата „Кадети“ до 52 килограми, додека со бронзениот медал се закитија Ѓорѓи Петров  во категоријата „Јуниори“ до 61 килограм и Роберто Здравковски во истата категорија до 76 килограми.

Сите четири натпреварувачи освојувачи на медали обезбедија учество со Репрезентацијата на Македонија за „балканското првенство“ кое во месец декември ќе се одржи во Словенија.

За утре (Недела) се закажани натпреварите на најдобрите четири каратисти во секоја категорија по кои шрвопласираните ќе обезбедат учество на „Европското првенство“ кое е закажано за месец февруари 2020 година.

С. Ивановски

8283

8485

86

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари