Врз основа на член 25 од Статутот на КЈП „Водовод“  Кочани, Управниот одбор на КЈП „Водовод“  Кочани на својата 23 седница одржана на ден 15.11.2019 година донесе:

ОДЛУКА

За ослободување од камата на заостанат долг.

Член 1

Се одобрува корисниците на услуги на КЈП „Водовод“  Кочани, физички и правни лица кои имаат заостанат долг за извршени комунални услуги (тужен и редовен), да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање доколку го плата целосно во предвидениот рок.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено време и тоа од ден 20.11.2019 година до ден 20.12.2019 година.

По истекот на рокот од став 2 на овој член, оваа одлука престанува да се применува.

Член 2

Одлуката НЕ  ВАЖИ за органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со Закон и институциите кои вршат дејност од јавен интерес утврдени со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија и Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани.

Член 3

Каматата за задоцнето плаќање која ќе произлезе во наредната сметка за комунални услуги, а врз основа на извршена уплата на заостанатиот долг до денот на плаќање, ќе биде финансиски одобрена.

Член 4

Се задолжува Сметководство, Книговодствена служба, Одделение за наплата пласман и продажба и Одделение за застапување со физички и правни лица за спроведување на оваа одлука.

Член 5

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 20.11.2019 година до ден 20.12.2019 година согласно ст. 1 и ст. 2 од оваа Одлука.

Управен одбор

Претседател:

Ратко Христов

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари