На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето а на 20 ноември, 1989 година, ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.

На 19.11.2019 година во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани се одржа активност по повод 20 ноември „Светски ден на детето“ во која беа вклучени ученици од предметна настава под менторство на предметните наставници: Вера Стојкова, Фанула Чапевска, Елизабета Зафирова Стојанова, Ана Симонова и училишниот педагог Марија Филипова. Учениците твореа литературни и ликовни творби за детето и од нив ќе се направи изложба во училиштето која ќе можат да ја погледнат вработените и родителите.

Овој ден, 20 ноември се води како Светски ден на детето и целта е, на денот на универзалните деца да се подобри благосостојбата на децата ширум светот, да се промовираат и слават правата на децата и да се промовира заедништво и свесност кај сите деца. Сите заедно да се потрудиме да обезбедиме безгрижно детство!

Децата имаат право да ги знаат своите права, а и возрасните треба да ги знаат исто така.

Децата имаат право да го покажат своето мислење преку зборување, пишување, уметничко изразување и друго, доколку тоа не ги повредува правата на другите.

Децата имаат право да учествуваат во игра и рекреативни активности кои одговараат на нивната возраст, имаат право на слободно учесто во културниот живот и уметностите.

ОУ „Раде Кратовче“

5355

54

525651

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари