Новоформираниот Општински совет за социјална заштита одржа работен состанок на чиј дневен ред се најде подготовката на Планот за социјална заштита за 2020 година.

„Изработката на Планот за социјална заштита е во функција на подготовката на општинската Програма за социјална, детска и здравствена заштита за 2020 г. Социјалниот план содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи во општината, анализи на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјални услуги во општината. Овие податоци треба да бидат фундамент во изработката на Програмата за 2020 година“ соопшти Аника Илијевска Ѓорѓиева, службеник за социјална заштита во Општина Кочани.

Општинскиот совет за социјална заштита е формиран со одлука на Советот на Општина Кочани и го сочинуваат вкупно 24 членови. Составен е од преставници на општинската администрација, центарот за социјална работа, даватели на услуги, здруженија, верски заедници и други правни и физички лица кои вршат социјална заштита, установи од областа на образованието, здравствената заштита, вработувањето, полицијата и јавното обвинителство од подрачјето на Кочани.

Дел од присутните дадоа предлози во планот да се вклучат активности и средства што ќе ја подобрат социјалната превенција, заради поголема заштита од социјални ризици и да се предвидат кампањи, предавања и трибини на различни социјални теми.

PIC_7232

PIC_7236

PIC_7235

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари