Со натпреварите од 11-тото коло во Недела се спушта завесата на есенскиот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Југ.

Лидерот на табелата воедно и есенскиот Шампион „Слога 1934“ има тешко гостување во Струмица, каде домаќин ќе и биде мошне добрата екипа на „Тиверија“.

Другиот неизвесен натпревар се игра во Василево каде истоимениот домаќин ја пречекува екипата на „Детонит“, додека „Овче Поле“, Раклиш и „Брегалница сениори“ не би требало да имаат поголеми проблеми како домаќини.

Двојки од 11-тото коло:

„Тиверија“  – „Слога 1934“

„Овче Поле“ – „Младост“

„Раклиш“ – „Дојранско Езеро“

„Брегалница сениори“ – „Спартмани“

„Василево“ – „Детонит“

Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари