Наградната игра што ја организира „Златара БОНО“ – GOLD-SILVER & WATCH POINT од Кочани, денес попладне финишираше по втор пат годинава.

Беа извлечени наградите наменети за купувачите кои во изминатиот месец ја посетија златарата и ги израдуваа како најблиските, така и себеси со по нешто купено од прекрасниот и разновиден асортиман.

66

Од повеќемината имиња  кои се најдоа во стаклениот сад среќата за доделената награда, рачен часовник „Casio“ му се насмевна на Томче Моневски од Кочани, наградата женска гривна „Pandora“ отиде во рацете на Антонија Тодоровска од Скопје, а вредносниот ваучер од 2.000,00 денари кај Јована Колевска од Пробиштип.

Заинтересираните за набавка на квалитетни часовници во иднина можат да извршат и online нарачка преку страната www.bono.mk за што ќе имаат попуст од 10% на секој нарачан часовник и добивање на купон „BONO 10“. Доставата е бесплатна а секој купен часовник има 2 години гаранција.

Сопственикот на „Златара БОНО“ најави дека и во блиска иднина ќе организира вакви и други наградни игри за своите купувачи.

Честитки до наградените.

С. Ивановски

65

62

63

64

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари