Во натпревар од 11-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени екипата на „Кочани“ како домаќин загуби од „Деспина Прилеп“ со високи 0:12, резултат кој ја отсликува моменталната состојба на квалитетот на двете екипи.

Лидерот на табелата „Каменица Саса“ немаше никакви проблеми како домаќин и со сигурни чекори граби кон есенската титула. Мало изненадување за познавачите на женскиот фудбал претставува поразот на минатогодишниот шампион „Драгон“ на свој терен од екипата на „Шкендија“, додека „Тиверија“ како и секоја година, игра сигурно и постојано е во горниот дел на табелата.

Резултати од 11-тото коло:

„Кочани“ – „Деспина Прилеп“  0;12

„Каменица Саса“ – „Топ Гол“  8:0

„Борец“ – „Тиверија“  0:11

„Драгон“ – „Шкендија“  1:2

„Ас Јунајтед“ – „СЦ Истатов“  6:1

„Речица“ – „Атлетико“  6:0

„Плачковица“ – „Љуботен“  0:2

С. Ивановски

13

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари