Општина Кочани во соработка со Национални шуми, Подружница „Осогово“ – Кочани подготвува акција за пошумување.

Акцијата се планира да започне во текот на оваа недела и да се реализира етапно.

Стручните служби од Национални шуми ќе определат неколку локации за пошумување, според кои ќе биде дефиниран бројот и видот на садниците што ќе се засадуваат.

Во акцијата за пошумување ќе биде вклучена општинската администрација, КЈП „Водовод“, училиштата и други јавни институции.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев информира дека оваа акција ќе биде придонес кон мерките што ги презема единицата на локалната самоуправа во борбата против аерозагадувањето.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари