Во организација на Федерацијата на Училишен Спорт на Македонија а во соработка со Шаховската Федерација на Македонија во Демир Хисар се одржа „Државното првенство во шах за основни и средни училишта“.

Јована Давиткова настапи во категоријата „Основни училишта – девојчиња“ и со 5 освоени поени од исто толку одиграни партии заслужено ја понесе титулата „Државен првак во шах во категоријата Основни училишта – девојчиња“.

Второпласирана е Емилија Лушевска ученичка во VII одделение од Охрид со освоени 4 поени од 5 одиграни партии, а третото место и припадна на Теодора Велева, ученичка во VIII одделение од Свети Николе која освои 3 поени од 5 одиграни партии.

Со освојувањето на првото место Јована Давиткова заокружи уште една успешна година.

За потсетување само дека во месец Април го освои првото место на Првенството на Македонија во шах за млади – категорија У-12 – девојчиња, а во месец Септември стана победник на Екипното првенство во шах на Македонија за млади – категорија У-12 момчиња и девојчиња.

Првенства што ги организираше Шаховската Федерација на Македонија.

С. Ивановски

113

111

114

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари