Децата од големата група од објектот „Ѕвездички“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“ учествуваа во акцијата за пошумување на дворот што ја организираше Градинката во соработка со Општина Кочани и Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

„Во кругот на објектот засадивме млади туи, брези и гинко билоба, а целта ни е на децата да им го пренесеме значењето на здравата животна средина и да ги научиме да стекнуваат навики за одржување и одгледување на садниците“, рече Едита Миткова, директорка на Детската градинка „Павлина Велјанова“.

Со своето присуство, акцијата на најмалите ја поздрави градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев разменувајќи мислења со раководните и со стручните лица за детално планирање на озеленувањето и уредувањето на дворовите во објектите на кочанската градинка.

Во Детската градинка „Павлина Велјанова“, преку програмата „Еразмус плус“ се реализираат неколку проекти поврзани со здравата животна средина со кои децата практично се едуцираат за органско производство и за селекција на отпадот.

PIC_7315

PIC_7346

PIC_7328

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари