Почитувани сограѓани,

Почитувани присутни!

ОК на ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ Ве поканува во сабота на 30-ти ноември во градски парк во 13 часот, сите заедно да  се приклучиме на Обновата на државата, заедно да ги започнеме разговорите за обнова на Македонија!

Да излеземе од чаурата на пасивноста во која не фрли и секојдневно се повеќе не врзува она што се нарекува Власт, заедно со нивната некреативност и безидејност. Сакаме сите заедно, со вашите идеи и предлози да ги започнеме разговорите од кои ќе произлезат нови и квалитетни решенија. Да го фрлиме клучот од старата нефункционална Матрица и да гледаме со Прогрес кон иднината.

Ќе разговараме за сите проблеми  и заедно ќе ги решаваме.

На настанот ќе присуствува и ќе има свое обраќање пред граѓаните на град Кочани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др. Христијан Мицкоски.

Кочани e за обнова!

Се гледаме во градски парк Кочани

На 30.11.2019 во

13:00 часот

(сабота)

Не чека Обнова на Македонија!

Со почит!

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари