Општина Кочани во соработка со Шумското стопанство „Осогово“ – Кочани, в петок, на 29 ноември 2019 г., во 12 ч. ќе реализира акција за пошумување.

Акцијата ќе се изведе во подножјето на Осоговските Планини, во близина на Градската депонија, каде ќе се засадат 1 300 садници. Ова ќе биде прва од неколкуте етапи пошумување планирани за овој период.

Во акцијата ќе учествуваат вработените во Општина Кочани, а интерес за пошумувањето веќе пројавија неколку граѓански здруженија, меѓу кои и Општинската организација на Црвениот крст – Кочани и Извидничкиот одред „Ластовица“ .

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги повикува сите заинтересирани да се вклучат во пошумувањето како придонес во борбата против аерозагадувањето на Кочани и во обновувањето на опожарените шуми на Осоговијата.

До локацијата за пошумување ќе биде организиран превоз со автобус. Поаѓањето е пред општинската зграда.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари