„Креативни вибрации“  е насловот на проектот  во кој преку Еразмус плус програмата е вклучено и СОУ „Љупчо Сантов“ . Станува збор за нов проект во кој се вклучи кочанското училиште и на кој првичните активности се одржаа во Полска. Ученици и менторите беа во Полска каде што се договорија за активностите предвидени во наредните две години од реализација на проектот односно од први септември 2019 до 31 август 2021 година кога ќе заврши истиот. Основната идеја на проектот е да се применат иновативни методи и техники кои ќе им помогнат на учениците во изборот на нивните идни професии.

„Проектот „Креативни вибрации при планирање кариера со користење на иновативни методи како гејмификација, размислување за дизајн и учење засновано на проекти“ има за цел да покаже како да се испланира и да се изгради патека за кариера, кои елементи треба да се земат  предвид, кои клучни компетенции треба да се развиваат и како да се исполнат барањата на пазарот на трудот во иднина“, рече Сара Илијевска, учесник во проектот.

Најголем дел од активноста во Полска учениците од кочанската гимназија ја имале со учениците од другите училишта од земјите учесници. Преку игри се помага во едукацијата и како конкуренцијата може да помогне во кариерата на човекот и неговата иднина. Преку презентации им беа претставени убавините и местата кои ќе можат да ги посетат учениците како дел од проектот.

72

„Нашите тимови исто така учествуваа и во игри кои се засноваа на самата економија, на конкуренцијата и односот помеѓу понудата и побарувачката, а можеше да се почувствува и натпреварувачкиот дух кај учениците“, истакна Теодора Младенова, учесник во проектот.

Освен тоа учениците имале и незаборавно дружење во градот Лоч во Полска, каде стекнале нови пријателства и искуства.

„За сите учесници овие седум дека додека бевме во Полска беа вистинско позитивно искуство за сите нас преку игрите кои ги нуди проектот успеавме да се запознаеме и со културата и традицијата на различните држави а имавме  и дружба која доминираше во  сите напи активности а разделбата ни беше тешка“, рече Сара Стојанова, учесник во проектот.

Проектни партнери се училишта од Полска, Португалија, Романија, Италија , Шпанија и секако Македонија. Активности во наредните две години ќе има во сите споменати држави чии училишта се учесници во проектот.

7374

75

76

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари