Четириесет и три семејства од социјално ранливите категории ги добија клучевите од новите станови во социјалната зграда во населбата Драчевик. Објектот, чиј инвеститор беше Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, е вреден 54 милиони денари, располага со 1620 квадратни метри и има два типа станови од 35 и 45 квадратни метри.

На чинот на доделувањето на клучевите од становите присуствуваа помошник-директорот на Секторот за градба и уредување на градежно земјиште Марин Хаџиевски, помошник-директорот на Секторот за стопанисување со станбен и деловен простор, Петар Шапе и градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.

PIC_7381

„Свесни сме дека има уште граѓани во Кочани кои живеат во социјален ризик и сите оние кои сега не добија стан не треба да се грижат затоа што е почната постапка за изградба на уште една социјална зграда. Таа ќе располага со 34 станови и очекуваме градежните работи да почнат идната година“, посочи помошник-директорот Петар Шапе.

Градоначалникот Илијев им честита на станарите и изрази подготвеност локалната самоуправа да помогне со свое учество во изградба на новата социјална зграда, со обезбедување на потребната инфраструктура. Илијев ја нагласи претстојната соработка со Акционерското друштво за изградба на комерцијална зграда во централното градско подрачје, на местото на сегашниот Воен отсек.

PIC_7384

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари