За време на викендот се играат натпреварите од 12-тото коло во Прва Фудбалска лига за жени.

Екипата на „Кочани“ ќе гостува во Битола а домаќин ќе и биде „Атлетико“. Дуел на две екипи изедначени по квалитет и доста подмладени па секој резултат е во игра.

Двата дерби натпревари по кои по се изгледа ќе биде промовиран и есенскиот шампион се играат во Прилеп и во Струмица.

На прагот сме конечно на едно доста интересно коло во кое секој резултат на кој и да е натпревар е во игра.

Двојки за 12-тото коло:

„Атлетико“ – „Кочани“

„Деспина Прилеп“ – „Каменица Саса“

„Тиверија“ – „Ас Јунајтед“

„Шкендија“ – „Љуботен“

„Топ Гол“ – „Плачковица“

„СЦ Истатов“ – „Речица“

„Драгон“ – „Борец“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари