Утре (Сабота) со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 14-тото последно есенско коло во Втора Фудбалска Лика – Исток. Кочанскиот второлигаш „Осогово“ гостува во Прилеп но како што истакнуваат, со доза на оптимизам се патува во „градот под Марковите кули“.

Оптимизмот кај кочанчани е оправдан бидејќи во изминатите три месеци „жетварите“ трипати ја тушираа екипата на „Победа“, најпрви во подготвителниот натпревар а потоа во Куп натпреварот и првенството.

Дерби натпреварот се игра во Кавадарци каде домашниот „Тиквеш“ ја пречекува „Брегалница“.

Доста интересен е и натпреварот во Македонска Каменица, додека во Струмица и Пехчево изразити фаворити се домашните екипи.

Двојки за 14-тото коло:

„Победа“ – „Осогово“

„Каменица Саса“ – „Кожуф“

„Кит Го“ – „Питу Гули“

„Беласица“ – „Плачковица“

„Тиквеш“ – „Брегалница“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари