По иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, Општина Кочани во соработка со ЈП Национални шуми и Шумското стапанство „Осогово“ изведе акција за пошумување во подножјето на Осоговските Планини. Во акцијата учествуваа вработените во општинската администрација, КЈП „Водовод“, Територијалната противпожарна единица, членови на Советот на Општина Кочани, извидниците од одредот „Ластовица“ и волонтери на Црвениот крст – Кочани.

Пошумувањето со чемпрес на околината на Градската депонија, како дел од активностите на Општина Кочани за обновување на шумскиот фонд и за намалување на аерозагадувањето, го поддржаа и директорот на ЈП Национални шуми Зоран Ѓорѓиев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

„Засадуваме 1 500 млади стебла од бор, а акцијата ќе продолжи и во наредниот период во зависност од временските услови, со цел овие голини околу Кочани да ги oзелениме и облагородиме. Тоа е само една од мерките за намалување на загаденоста на воздухот, заедно со субвенциите за граѓаните за набавка на инвертер-клима уреди и печки на пелети“ истакна градоначалникот Илијев.

2

Министерот за земјоделство Трајан Димковски најави финансиска поддршка од државата за активностите за пошумување, а за што е направено и соодветно законско прилагодување.

„Со последните промени што беа направени во Законот за земјоделство и рурален развој му се овозможува на Јавното претпријатие Национални шуми да биде еден од корисниците на мерките за рурален развој. Целта е на подрачјата што биле опожарени или на кои е потребно подигање нови шумски насади да биде планирано пошумување во континуитет и преку целогодишна програма да се исполнуваат зацртаните планови. Ние ќе ги следиме активностите, односно преку Програмата за рурален развој ќе обезбедиме финансиска поддршка за Национални шуми“ рече министерот Димковски.

Според најавите на надлежните, пошумувањето ќе се реализира етапно на различни локации во атарот на Кочани.

PIC_7571

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари