Форумот жени на СДСМ Кочани организираше трибина под наслов „Нема оправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња!!!“

На трибината се обрати и даде целосна поддршка во борбата против насилство врз жени и девојчиња Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, претседателот на ОО на СДСМ Кочани Гоце Серафимов и Јована Тренчевска како член на ИО на Форумот на жени на СДСМ и државен секретар во Министерство за труд и социјална политика и голем борец за родова еднаквост.

Од оваа трибина и преполната сала сите заедно испративме моќна порака „НЕ за насилство врз жени и девојчиња – ДА за родова рамноправност и еднаквост!!!“

Како општество чекориме по вистинскиот пат, градиме еднакво општество за сите, општество каде жената се чувствува сигурно и моќно, рамноправно чекори со мажот и заедно создаваат среќна иднина!!!

Нема оправдување,  зедно против насилство врз жените и девојчињата

Форум на жени на СДСМ Кочани

78810586_716244618870183_4703893159476723712_n

78418461_430169287663568_9187796182791880704_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари