Се одиграа натпреварите од 12-тото претпоследно коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ извојува мошне значајна победа во Битола против домаќинот „Атлетико“. Победата добива на тежина ако се знае дека тренерот Оливер Јовановски натпреварот го одигра само со 10 (десет) играчи, односно толку колку што можеше да собере за овој натпревар. Голот вреден три бода го постигна Бојана Петкова во 27’.

DSCN3929

Големото дерби кое одлучуваше за есенската титула се одигра во Прилеп, каде екипата на „Каменица Саса“ со 2:1 ја совлада „Деспина Прилеп“ и со титулата Есенски Шампион ќе презими на врвот на табелата.

Второто дерби се одигра во Струмица каде одличната млада екипа на „Тиверија“ го совлада жилавиот „Ас Јунајтед“ и остана на три бода зад првопласираната „Каменица Саса“.

На останатите четири натпревари победата им припадна на фаворитите.

Резултати од 12-тото коло:

„Атлетико“ – „Кочани“  0:1

„Деспина Прилеп“ – „Каменица Саса“  1:2

„Тиверија“ – „Ас Јунајтед“  2:1

„Шкендија“ – „Љуботен“  9:0

„Топ Гол“ – „Плачковица“  11:0

„СЦ Истатов“ – „Речица“  2:0

„Драгон“ – „Борец“  10:0

С. Ивановски

76

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари