На почетокот на месец Декември продолжуваат градежните активности со асфалтирање на улиците во градот и населените места за кои општината издвои средства во висина од 13 милиони денари.

Најавената реконструкција на патниот правец Виница-Јакимово продолжува со планираната динамика.

„Општина Виница продолжува со градежните активности во градот и населените места. Еве денес привршува асфалтирањето на патот Виница-Јакимово, од Бојаџиски Бунар до мостот пред село Јкаимово. Истиот е со должина од 806 метри, а вкупната инвесиција

овде е околу 3 милиони денари“ изјави Ивица Димитров – Градоначалник на Општина Виница.

Паралелно со асфалтирањето на патниот правец ќе се уредува и паркинг просторот покрај „Здравствен дом“ – Виница.

Инаку, оваа е најфреквенттна сообраќајница во општината, пред се заради локацијата на Здравствениот Дом, како и заради постоењето на Бензинска пумпа, но во попладневните часови, патот Виница-Јакимово е и редовна пешачка зона на Виничани.

Општина Виница

5758

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари