Во организација на „Национален Сојуз на слепите на Република Македонија“ а во соработка со „Мобилност Кочани“ – Меѓуопштинско Здружение на лица со телесен инвалидитет, во Сабота (07.12.2019 година) во салата при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани со почеток во 18:00 часот организираат „Хуманитарен Концерт за Славица Димитрова“.

На концертот ќе настапат: „КУД „Билјана“ – Скопје, ФА „Бели Мугри“ – Кочани, ФА „Китка“ – Истибања, ФА „Руен“ – Кочани, како и солистите Ирена Спасовска и Јордан Митев.

Влезницата за концертот чини само 50,00 денари.

Да го покажеме уште еднаш на дело големото граѓанско хуманитарно срце.

77 - Copy

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари