Јована Давиткова го освои второто место на Младинскиот шаховски турнир „Державин 2019“ кој во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Державин“ од Битола се одржа во периодот од 29.11 до 01.12. 2019 година во универзитетските простории во Битола.

Давиткова настапи во категоријата У-12 за момчиња и девојчиња и со 2 победи, 3 реми одиграни партии и 2 порази, со вкупно освоени 3,5 поени го освои второто место. Првото место му припадна на Никола Павковски од Скопје кој освои 4,5 поени, а додека третопласиран е Кристијан Лазовски од Скопје со 3 освоени поени.

Се одиграа вкупно седум партии по Швајцарски систем во класичен шах.

Натпреварувачите беа во една апсолутна категорија, со рангирање по возрасни категории: У-8, У-10, У-12, У-14, У-16 и У-18.

С. Ивановски

DSCN8142

4243

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари