На 03.12.2019 во 20.50 часот било пријавено дека во Кочани, на ул.„Тодосија Паунов“, патничко моторно возило „ауди КУ7“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Ц.(28) од Кочани, удрило во 17-годишен пешак од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што била пренесена во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.
ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари