Некогашни играчи на ФК „Осогово“, тренери и членови на управата ја сочуваа традицијата на дружење секогаш по завршувањето на есенската или пролетната сезона.

Вечерва во кафеана „Шуман“ во Грдовци уште еднаш се собраа од генерациите 2008 до 2016 година, да се дружат и да си евоцираат спомени од годините кои заеднички ги поминаа во еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија.

Средбата секогаш кога се тие во прашање беше повеќе од интересна, се раскажуваа анегдоти од нивното време поминато во клубот, се прераскажуваа постигнати и примени голови но се и потсетија за радостите по победите, но и за тагувањата по поразите.

Вака се дружеа секогаш на крајот на есенската и пролетната сезона, а сега кога многумина од нив иако се далеку од фудбалскиот терен сепак решија да се соберат и да поминат уште една заедничка дружба.

Иако некои недостасуваа поради работните обврски, или поради заминувањето на печалба, не беа заборавени. Се спомнуваа и тие, се прераскажуваше за нивната големина како играчи и за срцето што го оставаа секогаш на теренот, а фотографиите кои го овековечија овој настан набргу ќе им бидат испратени.

Секоја чест. Е ова е вистинскиот лик на „Осогово“.

До идното дружење си рекоа само едно убаво довидување.

С. Ивановски

P1380231

P1890903

P1960794

P3390215

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари