За време на викендот се  играат натпреварите од 13-тото, последно есенско коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Кочанчанки ќе ја угостат екипата на „СЦ Истатов“ и по добриот резултат во Битола ќе ги бараат трите бода и на домашен терен.

Во Македонска Каменица екипата на „Каменица Саса“ без разлика на резултатот и официјално ќе ја понесе титулата „Есенски Шампион“.

Двојки од 13-тото коло:

„Кочани“ – „СЦ Истатов“

„Каменица Саса“ – „Атлетико“

„Речица“ – „Тиверија“

„Борец“ – „Шкендија“

„Ас Јунајтед“ – „Драгон“

„Плачковица“ – „Деспина Прилеп“

„Љуботен“ – „Топ Гол“

Натпреварот во Кочани започнува во 12:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари