Убави вести само што ни пристигнаа од Одеса (Украина) каде нашиот сограѓанин Лазар Захариев уште еднаш беше најголемиот амбасадор на Кочани а заедно со Бошко Стаменковски и на Република Северна Македонија.

Захариев и Стаменковски настапија на големото Меѓународно натпреварување „GPC  WORLD  CUP  2019“ кое во саботата се одржа во Одеса (Украина).

Лазар Захариев настапи во М1 категоријата, до 110 килограми а со подигнати 190 килограми го освои златниот медал.

Бошко Стаменковски настапи во М2 категоријата до 75 килограми а со подигнати 130 килограми стигна до златниот медал.

Од Украина заминуваат во Австрија на големиот турнир во Виена од каде очекуваме нови добри вести.

С. Ивановски

5253

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари