Со одигрувањето на натпреварите од 13-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени и официјално заврши есенскиот дел од првенството за натпреварувачката 2019/2020 година.

Кочанчанки со пораз го завршија првенството откако како домаќини беа поразени од екипата на „СЦ Истатов“ со резултат 0:6 (0:1). Гостинките беа подобар противник, играа рационално, создаваа шанси за голови од кои искористија шест.

Така на крајот од есенскиот дел на првенството екипата на ЖФК „Кочани“ со 3 победи, 1 нерешен резултат и 9 порази и гол разлика 15:73 (-58) го освои 10-тото место и остана во зоната на екипи кои годинава ќе го напуштат прволигашкото друштво.

„Каменица Саса“ со службен резултат го доби натпреварот бидејќи во Македонска Каменица од неразјаснети причини не допатува екипата на „Атлетико“.

„Тиверија“ и „Деспина Прилеп“ славеа на гостинските терени а дербито во Струга заврши беа голови.

Резултати од 13-тото коло:

„Кочани“ – „СЦ Истатов“  0:6

„Каменица Саса“ – „Атлетико“  3:0 (п.ф.)

„Речица“ – „Тиверија“  1:2

„Борец“ – „Шкендија“  1:6

„Ас Јунајтед“ – „Драгон“  0:0

„Плачковица“ – „Деспина Прилеп“  1:14

„Љуботен“ – „Топ Гол“  0:4

Есенски Шампион е екипата на „Каменица Саса„ со 37 освоени бода а зад неа се „Тиверија“ 34, „Деспина Прилеп“ 31 …..

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари