По завршување на есенскиот дел од првенството во Пионерската лига што се одржува во организација на Ракометната Федерација на Македонија кое пионерите на „Младинец“ го завршија со 4 победи и 3 порази, за време на викендот тие ги започнаа натпреварите и во Југоисточната лига.

Уште во првото коло на гостувањето во Струмица кочанските ракометари забележаа победа, совладан е „Астраион“ со резултат 22:21 (14:10).

Конечниот резултат не ја дава вистинската слика за самиот натпревар бидејќи ракометарите на „Младинец“ беа подобри за време на целиот натпревар, со стрплив напад и одлично организирана одбрана каде посебно се истакна голманот Зафировски тие обезбедија доволна предност за да влезат во една мирна завршница.

На 5 минути до крајот на средбата имаа сигурно водство од пет голови разлика но тогаш на терен влегоа поголем број од резервните играчи кое домаќините го искористија и ја намалија предноста на само еден гол негатива.

Следниот натпревар „Младинец“ го игра на домашен терен а противник ќе и биде екипата на „Радовиш“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари