Столе Ефтимов како член на Македонската Репрезентација во борење, е на дваесет дневни висински подготовки во Белмекен (Бугарија) кој се наоѓа на надморска височина од 2.626 метри.

„Подготовките започнаа на 4 Декември и истите ќе траат до 23 Декември. Работиме двапати дневно, на отворено и во Националната спортска сала во Белмекен,. Условите за работа се одлични а моментно овде се наоѓа врвот на Европското и Светското борење, бидејќи истовремено на подготовки освен ние овде се и репрезентациите на домаќинот Бугарија, Украина, Романија, Русија, Молдавија, Италија и Германија“ не информираше Ефтимов.

Дознаваме дека освен тренинзи на отворено и во сала предвидени се и неколку меѓусебни средби е со цел да се научи нешто повеќе особено од посилните репрезентации.

С. Ивановски

77

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари