Претставници на медиумите од повеќето општини од Источниот регион, денес во Ресторан „Галија“ во Виница одржаа работен состанок во пресрет на традиционалната манифестација „Најдоброто од истокот“.

На состанокот паднаа повеќе предлози за најуспешните од истокот во веќе традиционално утврдените категории.

Договорено е по новогодишните празници да се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат прифатени најдобрите и најиздржливите предлози.

Манифестацијата годинава е предвидено да се одржи во општината каде ќе бидат понудени најдобри услови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари