Напредува реконструкцијата на шеталиштето во Трговскиот центар. Изведувачот „Исток мермер“ започна со поплочување од влезот на Трговскиот центар од источната страна, откако претходно, според техничкиот проект се подготви придружната инфраструктура.

Поплочувањето со гранитни, нелизгави плочки продолжува кон западната страна, на местото на претходно отстранетите бетонски плочки и клупи. Просторот опфатен со реконструкција ќе биде осветлен со вградени подни ЛЕД-светилки и рефлектори. Исто така, ќе се постават нови клупи и придружна комунална опрема со што ќе се подобри естетскиот изглед на Трговскиот центар како една од најпрометните пешачки површини во Кочани.

Постојните дрвја ќе бидат вклопени во планираното хортикултурно уредување и озеленување, а Трговскиот центар ќе добие на функционалност, поголема слобода во просторот и нов урбан амбиент.

Компанијата „Исток мермер“ од Долни Подлог започна со работите на почетокот на октомври и во рок од седум месеци, односно до април треба да ја комплетира реконструкцијата на плочникот со површина од 2 800 метри квадратни. За овие градежни работи Општина Кочани инвестира околу 14 милиони денари, средства од сопствениот буџет.

PIC_7736

PIC_7737

PIC_7743

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари