Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани денес беше отворена Изложбата „Едукативна работилница за деца и млади“.

Оваа година едукативната работилница се одржа во периодот од 01-03 Октомври, а истата се реализира во „Етнокуќата“ во Кочани под раководство на Илинка Атанасова – советник кустос при Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија.

Годинава едукативната работилница беше од областа на културното наследство а во неа учествуваа 30 ученика на возраст од 07-17 години, од две основни училишта од Кочани: ООУ „Раде Кратовче“ и ООУ „Свети Кирил и Методиј“, како и ученици – посетители на Училиштето за цртање и сликање при НУ ЦК „Бели Мугри“ од Кочани.

Во склопот на годинешната едукативна работилница треба да се спомне и посетата на „Страта кула“ од страна на ученици од првите одделенија од основните училишта.

Изложбата од слики насликани на едукативната работилница  ја посетија ученици од некои основни училишта во Општината.

С. Ивановски

DSCN9354

DSCN9355

DSCN9365

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари