Согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани во 2019 година, беше реализирана превентивна дератизација на Градската депонија и на канализациските системи во Кочани и во седум населени места.

Дератизацијата ја спроведоа стручните служби од Центарот за јавно здравје како избран носител на јавната набавка, во координација со службите од Општина Кочани и КЈП „Водовод“.

За таа цел на Градската депонија, во канализациските системи во Кочани и во селата Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Горни Подлог, Долни Подлог и Тркање, во 333 шахти беа употребени 250 кг кумарински препарати во облик на мамци.

Дератизацијата се спроведе со средства од Буџетот на Општина Кочани во висина од 155 илјади денари.

3

2(1)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари