Во Кочани среде бел ден две лица се обиделе да киднапираат седумгодишно девојче – ќерка на пратеникот на СДСМ од Кочани Сашко Костов.

Кога девојчето се враќало од училиште го пресретнало возило „БМВ“ со странски регистарски таблички, а лицата од возилото му наредиле на девојчето да влезе во автомобилот.

Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал по што лицата се дале во бекство.

Според извори од МВР се работи за лицата М.Ѓ (18) и И.Ј. (18)  кои со патничко возило „БМВ“, управувано од М.Ѓ. се движеле низ улиците во градот и вознемирувале граѓани.

Лицата се приведени во полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавниот обвинител.

МВР го потврди инцидентот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари