Во организација на Џудо Федерацијата на Северна Македонија а со техничка поддршка на ЏК „Гладијатор“ од Кочани утре (Недела) со почеток во 10:00 часот во „Спортската сала“ во Кочани ќе се одржи годинешното „Државно екипно првенство во џудо“.

Во пресрет на првенството вечерва во Мотел „Гратче“ се одржа прес-конференција на која зедоа учество: Ѓоре Мирчески – Спортски директор на Федерацијата, Дејан Мицкоски – Член при на Стручниот Совет на Федерацијата, Дејан Џокоски – Член на Натпреварувачката Комисија, Вера Шеќероска – Претседател на ЏК „Гладијатор“ и Драган Шеќероски – тренер на ЏК „Гладијатор“.

На првенството ќе земат учество четири џудо клуба: ЏК „Сеишин“ (Прилеп), ЏК „Ипон“ (Скопје), ЏК „Кожувчанка“ (Кавадарци) и ЏК „Гладијатор“ (Кочани).

Секоја екипа е составена од 3 девојчиња и 3 момчиња, а право на настап имаат натпреварувачите кои се регистрирани за настапи преку целата година.

С. Ивановски

DSCN9403

DSCN9409

DSCN9388

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари