Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани, денес беше отворена изложбата на цртежи изработени од вештите рачиња на дечињата од ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.

Изложбата всушност го претставува завршниот дел од годинешната Програма „Книгата патува во домот на секое дете“ која четврта година по ред се одржува во рамките на „Недела на детето“ која што започна во месец Октомври оваа година.

Во програмата учествуваа 130 дечиња на возраст од 5 до 6 години од големите групи кои го посетуваат воспитниот процес при ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“.

Сите цртежи претставуваат на некој начин мали ремек дела изработени со детската фантазија и со нивните вешти рачиња па затоа како што беше истакнато најдобар цртеж нема, бидејќи сите цртежи се прекрасни.

На дечињата им беа дадени неколку книги и сликовници кои ги нудат и будат вредностите, пријателството, трудољубивоста, упорноста, свеста за животната средина и почитување на различностите, па токму тие вредности побудиле силен интерес кај дечињата кои го пренеле на нивните цртежи.

С. Ивановски

DSCN9537

DSCN9539

DSCN9546

DSCN9549

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари