Сведоци сме на зачестеното нарушување на животната средина, било од правни, било од физички лица.

Протестите за чист воздух и за заштита на животната средина не ги даде посакуваните резултати бидејќи се си останува исто како и претходно.

Густиот дим што излегува од некои фабрички оџаци и понатаму е присутен, густиот дим што излегува од оџаците на семејните објекти поради палење на текстилен отпад е секојдневие, но за жал односот што го имаат поединци спрема животната средина е најголемото зло што му се случува на градот, а тоа е надвор, по улиците.

Секојдневно социјалните мрежи се полни со фотографии од фрлен смет или шут онаму каде не е предвидено, расфрлани контејнери во ноќните часови по улиците на градот станаа пракса исто како фрлањето на корпите за отпадоци во коритото на реката, фрлањето на сметот околу празните контејнерите е навика која тешко се искоренува.

И сето тоа ние сите го гледаме но не сакајќи да се замериме со нецивилизираните сограѓани остануваме и понатака и слепи и неми.

Ајде веќе еднаш да се охрабриме и да немаме милост спрема загадувачите на животната средина, ајде веќе еднаш сите да станеме чувари на животната средина. Доволно ќе биде да го извадиме мобилниот телефон и да го фотографираме оној што растура смет онаму каде што не е предвидено а фотографиите да ги доставуваме до надлежните за да видиме дали тогаш тие ќе преземат нешто.

Вака навистина не оди. Сите се гледаме но ништо не презимаме.

Ајде да си ја сочуваме животната средина ако ништо друго барем за генерациите што доаѓаат.

С. Ивановски

DSCN2154DSCN9628102

DSCN8463

P3100276

111

DSCN9456

DSCN8469

2

7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари