Вистинска привилегија беше денес да бидеш присутен во Игротека „Амор“ најпријатното место за забава на дечињата во градот.

Голем број на дечиња присуствуваа на забавата која денес во пресрет на Новогодишните празници ја организираше менаџерскиот тим на Игротека „Амор“.

На посета им дојде Дедо Мраз со неговата поубава половина што претставуваше вистинско уживање за сите дечиња кои се најдоа денес овде.

Со насмеани лица, и широко отворени очиња тие ги слушнаа приказните на Дедо Мраз, од кај доаѓа и со каква намера, за да потоа сите заедно испеат неколку новогодишни песнички.

Во знак на благодарност за посетеноста менаџерскиот тим на Игротека „Амор“ за сите присутни дечиња обезбеди колачиња кои им ги делеше Баба Мразица а дедо Мраз им подари новогодишни балони.

Додека децата се забавуваа нивните родители со широки насмевки на лицата го следеа секој нивни чекор, секој нивни поглед.

Секоја чест за организаторот на забавата.

С. Ивановски

5253

5654

5755

58

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари