Општина Кочани ја известува јавноста дека не е ниту организатор ниту соорганизатор на Меморијалниот турнир во борење „Легендите на Спартак“, кој се одржа викендов во Спортската сала во Кочани.

Како и сите други активности од спортот, од Буџетот на Општина Кочани се издвојуваат средства со кои се поддржуваат манифестации, турнири и натпреварувања.

Таква поддршка годинава доби и БК „Спартак“, како организатор на традиционалниот турнир во борење.

Општина Кочани не учествува во организацијата и реализацијата на Меморијалниот турнир „Легендите на Спартак“ и се оградува од можните недоразбирања или направени пропусти.

Општина  Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари