На последната седница во 2019 година, Советот на Општина Кочани го усвои предлог-буџетот за 2020 година. Вкупниот буџет изнесува 668.253.900 денари, а основниот 248.636.000 денари, и тој е за 10 % зголемен од претходната година.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека во Буџетот за наредната година развојната компоненета е на прво место.

„Од основниот буџет се планирани фантастични 118 милиони денари за развојните програми. Со поддршка од централната власт, со средства од Светска банка, Програмата за прекугранична соработка и од меѓународни донации достигнуваме 400 милиони денари кои треба да бидат реализирани во развојните програми во 2020 година. Овие 400 милиони денари се резултат на концептот што го развиваме во изминативе две години, време кое беше потребно да покажеме дека знаеме да направиме буџет соодветен на потребите на граѓаните“ рече градоначалникот.

Според Илијев, во делот на капиталните проекти за 2020 година се предвидени 225 милиони денари; за асфалтирање на нови 30 улици – 125 милиони денари, а за реконструкцијата на улиците во централното градско подрачје – 36,3 милиони денари.

PIC_8641

Градоначалникот истакна дека зголемените средства во Буџетот на Општина Кочани не се резултат на зголемени давачки од граѓаните, туку се резултат на рационализацијата на трошоците и на трансфер на средства по други основи.

Членовите на Советот од опозицијата, не го поддржаа предложениот буџет.

„Жалам што опозицијата во Советот не гласаше за предлог-буџетот за 2020 година и сметам дека на тој начин не ги препозна намерите да се излезе во пресрет на решавање на проблемите и потребите на граѓаните. Ако имаат малку доблест, членовите од опозицијата ќе признаат дека ова што го правиме е надвор од кое било очекување и очигледно е дека нив ги загрижува и ги плаши реализацијата на највените проекти кои се од огромно значење за граѓаните на Кочани. Ние сме овде да работиме за граѓаните и да одговориме на предизвиците“ рече Илијев на седницата.

На крајот на 34. седница градоначалникот го имаше традиционално годишно обраќање пред членовите на Советот.

Општина Кочани

PIC_8601

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари