Во организација на Федерацијата за Гимнастички Спортови на Македонија денес во Хотел „Слив“ во Виница се одржа традиционалното прогласување на најдобрите во гимнастиката за 2019 година.

Гимнастичарите на КГС„Кочани“ се закитија со седум признанија иако во споредба со минатите години поради повреди на неколкумина гимнастичари не го остварија она што го имаа зацртано на почетокот на годината.

Јана Николова ја понесе титулата „Најдобра во категоријата „сениорки“ во „А“ лигата“, а Ристе Симеонов „Најдобар во категоријата „јуниори“ во „А“ лигата“. Иларија Цветкова е „Најдобра во категоријата „помлади пионерки“ во „Б“ лигата, а нејзиното братче Лука Цветков е „Најдобар во категоријата „постари пионери“ во „Б“ лигата“.

Машкиот клуб на КГС „Кочани“ е најдобриот за 2019 година, а Благој Каров „Најдобар тренер во машка конкуренција“.

За „Најдобар женски судија“ во годината на заминување е прогласена Радмила Станчева.

Признанијата на сите наградени од сите гимнастички клубови во државата им ги врачи Љупчо Арнаудов – Претседател на Федерацијата на Гимнастички Спортови на Македонија.

С. Ивановски

DSCN9867

DSCN9783

DSCN9777

DSCN9818

DSCN9833

DSCN9858

DSCN9767

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари