По традиција, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, компанијата „ИНТ“ од Кочани подели пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена на семејства во социјален ризик.

Одговорните од тимот на Модната групација „ИНТ“ истакнуваат дека намерата е да помогнат празникот да внесе мир и спокојство кај сите семејства, особено кај ризичните. Освен тоа, целта на овој гест е да ги мотивира сите што имаат повеќе, да поделат со луѓето што немаат, што едновремено претставува и поттик за поголемо меѓусебно почитување и човечност.

Божиќните пакети беа поделени на семејства на територијата на Кочани, во градот и во шест населени места: Грдовци, Бели, Оризари, Тркање, Горни и Долни Подлог.

Во распределбата на пакетите помогна Мобилниот сервис за домашна посета, кој учествуваше и во идентификацијата.

PIC_8987

PIC_8978

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари