Ваков беше почетокот на пораката која заедно со три фотографии ни беше испратена од наш читател, од наш совесен сограѓанин.

Се работи за платото во Градскиот Трговски Центар, поточно за делот каде е границата на заменетите нови гранитни плочи и извадените – старите.

Се нашол некој најмудар од сите што живеат во околните згради да си го внесе возилото на платото, да си го паркира по негов ќеиф да си замине, а притоа да оштети неколку гранитни плочи.

Дознаваме дека фотографиите кои ние ги добивме биле испратени и до некои надлежни органи за да се открие идентитетот на сопственикот на паркираното возило и да истиот ја плати оштетата која веќе ја има направено.

Му благодариме на нашиот читател за доставениот материјал.

С. Ивановски

5253

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари