Втората принова во семејството Стојанови е првото новороденче во Кочани. Мајката Ангела ја донесе на свет својата ќерка утрово по 8 ч., со нормално породување, како што вели самата, лесно и брзо.

Желбите за убаво детство на првороденото, здравје и среќа на целото семејство им ги пренесе градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, врачувајќи го традиционалниот златен подарок.

Според гинекологот д-р Фонзи Јуруков породувањето било во најдобар ред, а бебето е родено со тежина од 3 200 гр. и должина од 54 см.

Минатата година во Општа болница – Кочани имало 30 породувања повеќе од 2018 година.

Директорот на Општа болница д-р Александар Серафимов го истакна континуираното подобрување на состојбите во оваа институција, кое најмногу се огледа со извршувањето на буџетот, кој од околу 50 % до пред 2 години сега е 92 %.

Градоначалникот Илијев најави дека со поддршка од Министерството за здравство, Кочани во наредниот период треба да прерасне во модерна медицинска установа во регионов со центар за физикална терапија.

DSC_0051

DSC_0055

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари