Да беше работен ден сигурно е дека вината за вечерашното загадување на воздухот во Кочани ќе го баравме во некои фабрички оџаци, во вината за надлежните што на сите високи точки околу градот не поставиле огромни вентилатори, но кога е неработен ден а се случува да Кочани биде со најзагаден воздух во земјата и тоа од „големите домаќини“ земјоделците некако сите молчат.

Кога пишувавме години наназад дека еден од најголемите извори на загаденоста на воздухот е палењето на стрништата никој јавно не се огласуваше да ги критикува земјоделците, ниту некакви групи за чист воздух кои тогаш постоеја, ниту поединци, ама тоа беше време кога требаше со своите реакции да навредат некој свој кој сигурно потоа ќе им замереше.

Ги чекам вечерва и уште по се изгледа ќе ги чекам реакциите на сите оние кои сакаат да дишеме чист воздух.

Овој пат јас заборавив, време е на празници и пред почеток на изборните кампањи така да и не треба да очекуваме некои поголеми реакции бидејќи сечии збор некој го мери затоа  реакциите ќе ги оставиме за после 12-ти  Април.

С. Ивановски

515352

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари