По долги низа години, минатата година во Кочани беше обновена една убава традиција, која на радост на многумина продолжи и годинава.

Низ улиците на Кочани по повод големиот христијански празник Коледе, денот пред Христовото раѓање беше организирана „Бадникова поворка“.

Голем број на дечиња со ѕвездичка во рацете која ја симболизира „Витлемската ѕвезда“ ја пееја песната „Вечниот Бог“ во чија содржина се опишува настанот на раѓањето на спасителот Господ Исус Христос.

По завршувањето на Светата Литургија „Бадниковата поворка“ тргна од Црковниот храм „Св. Вмч. Ѓорги“ па низ улиците „Димитар Влахов“ до крстосницата во „Стришани“ од каде пак по улиците  „Стево Теодосиевски“ „Кеј на Револуцијата“,  „Градскиот плоштад“, „Маршал Тито“ и „Димитар Влахов“ повторно да се врати во Црковниот храм „Свети Ѓорги“.

Нека е за многу години

С. Ивановски

2

10

9

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари