Општина Виница во соработка со Комисијата за организирање настани и манифестации и Комисијата за избор на спортист за 2019 година, ја организира манифестацијата „Спортски асови 2019“

На Манифестацијата ќе се изберат:

– најдобар спортист за 2019

– најдобар млад надежен спортист (во младинска и сениорска конкуренција);

– најдобра екипа (во младинска и сениорска конкуренција);

– најдобар тренер (во младинска и сениорска конкуренција);

– најдобар Спортски работник

– најдобар спортски училишен клуб

– Право на учество во изборот имаат сите спортсити, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Виница, а секој кандидат треба да донесе и копија од клупската легитимација.

– При пријавувањето е потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари)

– Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

– Рокот за пријавување е до 20 јануари 2020, а документите се доставуваат до Инфо центарот во општина Виница (Собраниска зграда  3-ти спрат)

– Телефони за контакт: 078/496-649  и  070-610 -965

08.01.2020

Општина Виница

Градоначалник Ивица Димитров

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари